ИБРАКАДАБРА ВО СВОЈ, ФАЈТЕРСКИ СТИЛ...

ЗЛАТАН: Би ги пратил Мејведер и Мекгрегор во болница! (ВИДЕО)

Шведскиот фудбалер признава дека не може да го гледа овој боксерски циркус околу најскапиот меч во историјата на спортот...

објавено: 16 јули 2017 - 21:00

Златан Ибрахимовиќ е сепак нешто повеќе од еден одличен фудбалер.

Иако има доста мани, има и други позитивни страни, сепак, кај него преовладува она гигантско его. Момент кој и го спаси од сиромаштијата и го донесе да биде еден до најдоброплатените фудбалери во светот.
Колку се цени себеси најдобро се гледа по тоа што секогаш има еден „апостроф" кај своето презиме кој оди на буквата „Ч" или наше „Ќ", што не е случај кај други играчи од ова поднебје, а се исто така добро ситуирани.
За разлика од нив Златан не се срами да каже од каде доаѓа, макар што понекогаш, тоа негово его знае да го однесе кон други непримерени работи.
Така беше и во интервјуто дадено за шпанскиот „Ел Мундо Депортиво" каде ги„прозва" Флојд Мејведер и Конор Мекгрегор, кои би требало да ги вкрстат ракавиците на 26. август во долго очекуваниот „најскап меч во историјата".


„Мака ми е околу цела таа 'галама', околу мечот Мејведер-Мекгрегор. Најдобро за нив би било да престанат со сите тие глупости, и да се борат против мене. Не сум сигурен како ќе оди тоа, но верувам дека и двајцата би ги испратил во болница"- кажа „мртов-ладен" Ибрахимовиќ, кој е во процес на рехабилитација по операцијата на коленото.

Да, Мејведер е според многумина, најдобриот боксер на сите времиња. Без ниту еден пораз досега, и со таков скор лани реши да се пензионира.
Од друга страна Конор Мекгрегор е најпопуларниот ММА борец на денешнината.
Но, треба да се знае и тоа дека Златан е е „за фрлање", затоа што има црн појас во теквондо. А освен тоа е повисок за глава и повеќе од овие двајца воини
А кој не верува во фајтерските способности на Ибракадабра може да ги погледне следните снимки...

Најново во Другата страна на спортот