на балканскиот шампионат

Ајановски со место на пиедесталот

Македонскиот маратонец зарши трет 

објавено: 18 март 2018 - 21:30

Кокан Ајановски, најдобриот македонски маратонец го освои бронзениот медал на 12. издание на балканскиот шампионат во маратон кој се одржа денеска во градот Лимасол, Кипар. Среброто му припадна на Анте Живковиќ од Хрватска, а златото на Анатолиј Бондаренко од Украина.

Во женска конкуренција трофејот балкански шампион ѝ припадна на Оливера Јевтиќ од Србија, а среброто заврши во рацете на Радосвета Симеонова од Бугарија.

Најново во Други спортови