Мало богатство за „тикет" за Суперболот

АКО ВО ФИНАЛЕТО ИГРА МИНЕСОТА: И пет пати по пет илјади долари

Иако во Минеаполис се очекува да биде многу ладно време, официјалната цена (онаа која е поточно напишана на магичното парче хартија ви гарантира дека ќе бидете дел од најголемиот спектакл во светото на спортот), ќе биде повисока во однос на ланската – од 950 до 5.000 долари.Може да се замисли колку ќе чини на црниот пазар.

објавено: 16 јануари 2018 - 16:15

Иако во Минеаполис се очекува да биде многу ладно време, официјалната цена (онаа која е поточно напишана на магичното парче хартија ви гарантира дека ќе бидете дел од најголемиот спектакл во светото на спортот), ќе биде повисока во однос на ланската – од 950 до 5.000 долари., може да се замисли колку ќе чини на црниот пазар.

Особено повисока под претпоставка дека Минесота Вајкингс ги совлада Филаделфија Иглс, тогаш и дефинитивно цената кај препродавачите ќе биде навистина астрономска, би се множела со четири, пет, па и шест пати.
За оние најпосакувани места, официјално ќе се плаќа од 1.250 до 5.000 долари, но малку кој има среќа да дојде до тие влезници по онаа „нормална цена". Во реалноста чинат многу повеќе...
Местата во посебните ВИП ложи, најблиску до теренот ќе чинат 5.000 долари, и секако, тие им се наменети на спонзорите, семејствата на играчите и познатите личности.
За споредба, сезонската карта за мечевите на Вајкингс (10. натпревари) за истите тие места чини 4.000 долари.

 

Најново во Други спортови