ЕТИОПЈАНКАТА СТАНА СВЕТСКА ШАМПИОНКА

Ајана со невидена супериорност на 10 километри

Олимписката шампионка, Етиопјанката Алмаз Ајана ја уништи конкуренцијата за победа на 10.000 метри на СП во атлетика во Лондон, завршувајќи со 300 метри предност пред конкурентките

објавено: 5 август 2017 - 22:17

Ајана, која оваа година немаше трка во Европа поради повреда, почна да се одвојува по 10 кругови, за на крајот да победи со 30:16.32, со дури 46.37 секунди пред својата сонародничка, поранешната светска и олимписка шампионка Тирунеш Дибаба. Кенијката Агнес Тироп освои бронза.

 


Литванецот Андриус Гуџиус конечно ги исполни очекувањата и ги шокираше фаворитите за златото во фрлање диск. 26-годишниот Гуџиус, јуниорски шампион од 2010 година, имаше втор обид од 69.21 метри, најдобар во кариерата, за да го победи фаворизираниот Швеѓанец Даниел Стал, кој имаше 69.19 метри.

Бронзата отиде кај Американецот Мејсон Финли со личен рекорд од 68.03 метри.  Германецот Роберт Хартинг, олимпискиот шампион од 2012 и актуелниот шампион, Полјакот Пјотр Малаховски останаа без медал.

ФИНАЛИЊА НА 2. ДЕН НА СП ЛОНДОН 2017

ФРЛАЊЕ ДИСК (М)

1.Андриус Гуџиус (Лет) 69.21 м

2.Даниел Стал (Шве) 69.19 м

3.Мејсон Финли (САД) 68.03 м

4.Федрик Дејркс (Јам) 65.83 м

5.Пјотр Малаховски (Пол) 65.24 м

10.000 МЕТРИ (Ж)

1.Алмаз Ајана (Ети) 30:16.32

2.Тирунеш Дибаба (Ети) 31:02.69

3.Агнес Џебет Тироп (Кен) 31:03.50

4.Алис Апрот Навовуна (Кен) 31:11.86

5.Сузан Круминс (Хол) 31:20.24

СКОК ВО ДАЛЕЧИНА (М)

1.Луво Мањонга (ЈАР) 8.48 м

2.Џерион Лосон (САД) 8.44 м

3.Русвал Самаи (ЈАР) 8.32 м

4.Александер Менков (Нез) 8.27 м

5.Мајкел Масо (Куб) 8.26 м

100 МЕТРИ (М)

1.Џастин Гетлин (САД) 9.92

2.Крис Колмен (САД) 9.94

3.Јусеин Болт (Јам) 9.95


Најново во Други спортови