14. ИЗДАНИЕ НА СКОПСКИОТ МАРАТОН

Бивок прв низ целта, Кираџиев одличен - петти!

Еванс Кипкемои Бивок од Кенија го освои првото место на Скопскиот маратон, во 14. издание од овој одличен спортски настан во кој годинава учествуваа над 10.000 спортисти.

објавено: 6 мај 2018 - 11:44

Кенискиот атлетичар успеа да ја мине маратонската делница долга нешто повеќе од 42 километри за време од 2:14:08 часа.

Зад себе го остави својот сонародник Џон Лангат, кој заостана 51 секунда зад победникот. Кениската доминација низ улиците на Скопје пак ја комплетираше Хосеа Кипротич, кој со време од 2:28:58 стигна до третата позиција.

Инаку, најдобар македонски натпреварувач беше Александар Кираџиев, кој го освои петтото место, и тоа со време од 2:42:48 часа.

Најново во Други спортови