ЗОШТО СЕ ПОВРЕДИ НАЈБРЗИОТ ЧОВЕК ВО СВЕТ?

Болт го повреди „магијата“ од телевизијата

Во последната трка во кариерата, светскиот рекордер не стигна до целта, откако почувствува болка во ногата и падна на патеката

објавено: 13 август 2017 - 09:19

Најбрзиот човек во светот Јусеин Болт имаше разочаруваќки крај на кариерата. Светскиот рекордер на 100 метри, не успеа да ја заврши последната профи трка во кариерата. На трката во штафетата 4 по 100 метри, Болт беше последна измена во тимот на Јамајка. 

Тој ја превзема штафетата, започна да трча, но по само 30-40 метри почувствува болка во ногата и падна на патеката. Според сонародникот на Болт, Џон Блејк, причина за повредата на Болт е тоа што трката била одложена за 10 минути подоцна и тоа поради ТВ преносот.

„Почетокот на трката доцнеше 10 минути, а претходно нѐ држеа цели 40 минути. Тоа е лудо. Предолго нѐ оставија да чекаме. Имаше две церемонии за доделување на медали. Ние се обидувавме да се загрееме, а потоа ни велеа дека треба уште да почекаме и така се во круг. Болно е да се види вистинска легенда како Болт, вистински шампион, а вака да се мачи“, рече Блејк, по трката. 

Со оваа трка заврши кариерата на Болт. Тој остана со 11 титули на светските првенства, а последниот планетарен собир го заврши без злато. На 100 метри во поединечна конкуренција заврши на третото место.

Џастин Гетлин го освои златото на 100 метри во поединечна конкуренција. И Американецот верува дека удел во повредата на Болт има и предолгото чекање за трката да започне. 

„Тоа е магијата на телевизијата. Сите мора да бидат подготвени на време, како би можело гледачите да го видат тоа што е најинтересно. Искрено мислам дека предолго чекавме за стартот на трката и верувам дека тоа има дополнителна причина за повредата на Болт. И јас ја загубив топлината на телото“, рече светскиот првак Гетлин. 

Најново во Други спортови