ЈАМАЈЧАНЕЦОТ УШТЕ НЕ ПОСТАВИЛ КРАЕН ДАТУМ

Болт може да продолжи и по Лондон?

Осумкратниот олимписки шампион, Јусеин Болт, најави дека може да продолжи со кариерата и по Светското првенство во Лондон, иако е сигурен дека ова е неговата последна сезона

објавено: 27 јуни 2017 - 17:45

30-годишниот светски рекордер на 100 и 200 метри претходно повеќе пати најавуваше дека сака да се збогува со светот на атлетиката на олимпискиот стадион во Лондон во август. Тој сега вели дека по разговорот со тренерот Глен Милс се предомислува.

„Сè уште го немаме конечниот распоред и не знам што ќе направиме. Не сум загрижен за формата сè до стартот на првенството“, вели Болт.

Болт утре ќе трча на еден од своите омилени митинзи,  „Голден спајк“ митингот во Острава, Чешката Република.

„Во моментов сум фокусиран да ја поминам сезоната, да ја забавувам публиката и сакам да уживам во тоа. Кариерата ми беше прекрасна, искуството кое го добив непроценливо. Затоа сум ОК со одлуката да се повлечам“, вели Болт.

Најново во Други спортови