НАЈБРЗИОТ ЧОВЕК НА ПЛАНЕТАТА НЕ СЕ ШЕГУВА

Болт почнува фудбалска кариера и тоа во европски гигант

Јусеин е полн со оптимизам и најавува дека ќе дава по 20 голови во сезонаНа

објавено: 4 јули 2017 - 08:45

Најбрзиот човек во историјата на атлетиката, Јусеин Болт најави дека по завршување на Светското првенство кое следниот месец ќе се оддржи во Лондон, става крај на тркачката кариера. Болт има 30 години и е светски рекордер на 100 и 200 метри. 

Болт е голем вљубеник на фудбалот, па често знае да се појави на тренинг на екипата на Манчестер Јунајтед, за која и навива. Често зборува за тоа како сонува да заигра професионален фудбал. 

„Секогаш сум сакал да пробам да играч професионално фудбал. Ќе тренирам во еден голем клуб, но ако видам дека не сум толку добар колку што мислам дека сум, тогаш ќе прекинам и ќе одам во пензија“, вели Болт.

Тој голем клуб е Борусија Дортмунд. Германскиот гигант за главен спонзор ја има „Пума“ исто како и Болт, па тоа е конекцијата.

„Верувам дека ќе можам да давам по 20 голови во една сезона“, додаде оптиистички спринтерот од Јамајка.

Во Борусија веќе размислуваат да произведат дресови со името на Болт и тие да ги продаваат за следната сезона.

 

Најново во Други спортови