РЕКОРДЕРОТ ЌЕ ЈА ИМА ПОСЛЕДНАТА ТРКА ВО ТАТКОВИНАТА

Болт подготвен за емотивно збогување со Јамајка

Спринтерскиот крал, Јусеин Болт, е сигурен дека ќе победи на својата последна трка во Јамајка, иако неговите подготовки беа попречени од смртта на неговиот близок пријател, британскиот атлетичар Џермејн Мејсон

објавено: 8 јуни 2017 - 20:57

Мејсон, кој беше роден на Јамајка и освои олимписко сребро во скок во височина за Британија во 2008 година, почина на 20 април во мотоциклистичка несреќа, и емоционалниот Болт го носеше неговиот ковчег на погребот минатиот месец.

Во сабота, Болт ќе трча на Националниот стадион во Кингстон за последен пат, во трка на 100 метри на Рејсерс ГП митингот, пред да се повлече од атлетиката по СП во Лондон во август.

„Знам дека ќе има многу емоции поради тоа што ќе биде последна трка. Знам дека ќе им недостасувам на фановите, но и мене ќе ми недостасува таа енергија. Работам да останам во форма и да бидам брз на митингот“, вели 30-годишниот Болт.

Најново во Други спортови