ДРАМАТИЧНО ЖЕНСКО СПРИНТЕРСКО ФИНАЛЕ ВО ЛОНДОН

Боуви обезбеди американска доминација на 100 метри!

Американката Тори Боуви обезбеди САД да си заминат од СП во Лондон со двојна спринтерска титула, откако победи во драматичното женско финале на 100 метри

објавено: 6 август 2017 - 23:03

Боуви со фуриозен финиш успеа за „влакно“ да ја победи Мари-Жозе Та Лу од Брегот на Слоновата Коска со 10.85 во споредба со 10.86. Холанѓанката Дафне Схиперс стигна до бронзениот медал со 10.96 секунди, но најголемото разочарување го имаше олимписката шампионка, Јамајчанката Илејн Томпсон, која на крајот беше само петта по слабиот старт.

Поразот за Томпсон доаѓа само еден ден откако Јусеин Болт беше шокиран во машката трка на 100 метри од контроверзниот Американец Џастин Гетлин. Болт барем освои бронзен медал, но ова секако сигнализира пад на јамајчанската атлетика и повторно враќање на американските фаворити во брзинските трки.

100 МЕТРИ (Ж)

1.Тори Боуви (САД) 10.85

2.Мари-Жозе Та Лу (БСК) 10.86

3.Дафне Схиперс (Хол) 10.96

4.Мјуриел Ахуре (БСК) 10.98

5.Илејн Томпсон (Јам) 10.98 

Најново во Други спортови