НОВ РУСКИ ДОПИНГ СКАНДАЛ ВО АТЛЕТИКАТА

Четири години суспензија за Пјатих

Руската натпреварувачка во трискок, Ана Пјатих доби четиригодишна суспензија од Судот за арбитража во спортот (ЦАС) и наредба да го врати бронзениот медал освоен на Светското првенство во 2007 година

објавено: 18 август 2017 - 22:30

36-годишната Русинка беше четврта на тоа натпреваруваање во Осака, но доби бронза по дисквалификацијата на Гркинката Крисиопи Девеци поради допинг. Медалот сега треба да заврши на градите ан Словенката Марија Шестак.

Позитивниот тест на анаболички стероиди беше откриен при ре-тестирањето на примероците, по што сите резултати на Пјатих од јули 2013 до декември 2016 се бришат.

 

Најново во Други спортови