Со поддршка од 13 клубoви со право на глас

Цветкоски - кандидат за нов претседател на Атлетската федерација

Поранешниот директор на ЈП „Билјанини извори" од Охрид и истакнат спортски работник, Иван Цветкоски е кандидатот за нов претседател на Атлетската федерација на Македонија.

објавено: 5 декември 2017 - 18:40

Атлетските работници во Македонја се и тоа како незадоволни од досегашната работа на претседателот на АФМ, Крсте Серафимовски.

За таа цел и со поддршка од 13. клубови, и официјално поднесоа иницијатива за Вонредно собрание на Атлетската федерација на кое ќе се бара разрешување на актуелното раководство на АФМ.


„Согласно Статутот на Атлетската федерација на Македонија ние како членови клубови на АФМ според Член 36 став 3 имаме право да свикаме Вонредно собрание на федерацијата доколку за истото се изјаснат 1/3 од клубовите членови на АФМ.
Бидејќи тие услови се исполнети Ви го испраќаме ова барање во најбрз можен рок да свикате Вонредно собрание на АФМ" – се вели во барањето од клубовите до актуелниот претседател на АФМ, Крсте Серафимовски.

Согласно со Статутот, доколку нема одговор од федерацијата, во рок од 30 дена од поднесената иницијатива клубовите може да свикаат Вонредно собрание.
Затоа, Иницијаторите очекуваат веќе на 16. декември, кога истекнува рокот, да се одржи Вонредно собрание на кое би се избрал Иван Цветкоски за нов претседател на АФМ.

Најново во Други спортови