СЈАЈНА ТРКА НА МАКЕДОНЕЦОТ

Дарио Ивановски победник на белградскиот полумаратон

Членот на АК Работнички од СКопје, истрча половина маратон за време од 1.08.03 часа, и го освои првотo место на оваа масовна трка во главниот град на Србија.

објавено: 21 април 2018 - 12:12

Дарио Ивановски е победник на полумаратонската трка на 31. iздание на „Беlградскиот маратон".

Членот на АК Работнички од Скопје, истрча половина маратон за време од 1.08.03 часа, и го освои првото место на оваа масовна трка во главниот град на Србија.
Успехот на нашите атлетичари на овој собир го потполни и Милош Ранчиќ кој помина како трет низ целта со време од 1:12.41 часа, додека помеѓу нашите претставници „се смести" српскиот атлетичар Милош Сегеди (1.12:33).
На Маратонот во Белград учествуваат околу 7.300 тркаи од 70. Држави од светот. А само во „Трката на задоволство" се појавија повеќе од 20.000 натпреварувачи.

 

Најново во Други спортови