КАНАДСКИОТ СПРИНТЕР СО ФАНТАСТИЧНА ТРКА ВО СТОКХОЛМ

Де Грас со ветар до 9.69!

Андре Де Грас го одбележи митингот на Дијамантската лига во шведската престолнина.

објавено: 19 јуни 2017 - 08:00

Канадскиот атлетичар Андре Де Грас беше звезда на вечерта на Митингот на „Дијамантската лига" одржан во Стокхолм.

Де Грас дојде до едно извонредно постигнување во трката на сто метри. Постигна време од 9.69 секунди, секако, доволно за првата позиција, но не и за личен рекорд и официјално еден од најдобрите резултати во светот на сите времиња.


Тој податок ќе биде избришан затоа што е реализиран со „помош на ветерот", исклучително силен кој дуваше за време на минтингот во Стокхолм.
Брзината на ветрот за време на трката изнесувала 4.8 метри во секунда, што е далеку над границата која изнесува 2. метри во секунда.
Инаку, ако се земат в предвид сите можни услови, ова е четврттиот најдобар резултат на ситге времиња во оваа дисциплина.
За потсетување Де Грас победи и пред четири дена на митингот во Осло.
Второто место во Стокхолм на „стотка" го освои Јусуф Бен Меите, додека пак трет беше Рајан Шилдс.

Најново во Други спортови