БОЛТ ГО ЗАГУБИ ГЛАВНИОТ РИВАЛ ЗА ЛОНДОН

Де Грасе го пропушта Светското првенство

Младиот канадски спринтер Андре де Грасе ќе го пропушти Светското првенство во атлетика во Лондон откако го скина бутниот мускул

објавено: 3 август 2017 - 12:45

22-годишниот Де Грасе требаше да биде еден од главните ривали на Јусеин Болт за титулата на 100 метри во Лондон, откако на минатогодишната Олимпијада во Рио освои сребро на 200 метри, бронза на 100 метри и бронза на 4х100 метри. Оваа година тој истрча 9.69 во Стокхолм на 100 метри со ветер во грб.

„Повредите се дел од спортот, но оваа е навистина несреќна. Цела година се фокусирав на трката на 100 метри, бидејќи бев во најдобрата форма во кариерата и едвај чекав да се тркам со најдобрите“, вели Де Грасе.

Светското првенство во Лондон започнува утре, а финалето на 100 метри е во сабота.

Најново во Други спортови