ФРАНЦУЗИНОТ ЈА ДЕКЛАСИРАШЕ КОНКУРЕНЦИЈАТА

Диниз стана најстариот светски шампион

Французинот Јохан Диниз имаше соло трка за да стане најстариот човек со титула од Светското првенство во атлетика на 39 години, со триумфот на 50 километри брзо одење

објавено: 13 август 2017 - 14:48

Светскиот рекордер имаше второ најдобро време во историјата од 3:33:12, и беше толку доминантен на патот до првата глобална титула што ги помина за цел круг (од 2 километри) речиси стие 43 противници.

Неговата разлика од 8 минути над двајцата Јапонци, Хироки Араи (3:41:17) и Каи Кобајаши (3:41:19) е најголема разлика во историјата на шампионатите. Диниз сега го помина рекордот на 37-годишниот Венјамин Солдатенко, кој на 50 километри брзо одење триумфираше на патеката во Малме на специјално натпреварување во 1976, седум години пред првото СП. Белорусинката Елина Зверева останува најстарата шампионка без разлика на полот откако во 2001 година победи во фрлање диск на 40 години.

Првата женска трка на 50 километри на едно СП ја освои Португалката Инес Енрикес со време од 4:05.56, најдобро време во историјата откако во јануари ИААФ ратификуваше женски рекорд на 50 км. Подиумот го комплетираа две кинески натпреварувачки, Јинг Ханг (4:08:58) и 20-годишната Јанг Шукинг (4:20:49).

50 КМ БРЗО ОДЕЊЕ (М)

1.Јохан Диниз (Фра) 3:33:12

2.Хироки Араи (Јап) 3:41:17

3.Каи Кобајаши (Јап) 3:41:19

4.Игор Главан (Укр) 3:41:42

5.Сатоши Маруо (Јап) 3:43:03

50 КМ БРЗО ОДЕЊЕ (Ж)

1.Инес Енрикес (Пор) 4:05.56 СР

2.Ханг Јин (Кин) 4:08:58

3.Шукинг Јанг (Кин) 4:20:49

4.Кетлин Барнет (САД) 4:21:51

5.Наир да Роса (Бра) не заврши

Најново во Други спортови