ДИСКВАЛИФИКАЦИИ И СЕНЗАЦИИ НА ТРКАТА НА 20 МЕТРИ

Драма во брзото одење во Лондон

Кинеската Јанг Џиају стигна до златен медал во трката на 20 километри брзо одење во Лондон, додека нејзината сонародничка Лиу Ксиужи беше дисквалификувана на неколку метри пред финишот

објавено: 13 август 2017 - 17:30

21-годишната Јанг го крена темпото во последните 100 метри за да стигне до победа со 1:26:18 пред Мексиканката Марија Гваделупе Гонзалез за победа во дебито на големите натпреварувања, додека првата фаворитка за титулата Лиу доби трето прекршување и црвен картон на само 20 метри пред целта, додека беше во позиција за бронзениот медал.  Бронзата оди кај Антонела Палмизано, што е прв медал за Италија во последниот ден на СП.

Во машката трка на 20 километри, Колумбиецот Еидер Аревало стигна до златото со национален рекорд од 1:18:53, пред Русинот кој се натпреварува под неутрално знаме, 18-годишниот Сергеј Широбоков и Бразилецот Кајо Бонфим.

20 КМ БРЗО ОДЕЊЕ (Ж)

1.Џиају Јанг (Кин) 1:26:18

2.Марија Гваделупе Гонзалез (Мек) 1:26:19

3.Антонела Палмизано (Ита) 1:26:36

4.Ерика де Сена (Бра) 1:26:59

5.Сандра Аренас (Кол) 1:28:10

20 КМ БРЗО ОДЕЊЕ (М)

1.Еидер Аревало (Кол) 1:18:53

2.Сергеј Широбоков (Нез) 1:18:55

3.Кајо Бонфим (Бра) 1:19:04

4.Лебоганг Шанге (ЈАР) 1:19:18

5.Кристофер Линке (Гер) 1:19:21

Најново во Други спортови