ДРАМАТИЧЕН ФИНИШ НА ЖЕНСКИОТ МАРАТОН ВО ЛОНДОН

Екс-Кенијката Челимо со маратонскиот трофеј

Роуз Челимо, родената Кенијка која сега настапува за Бахреин, ја совлада поранешната сонародничка Една Киплагат за триумф на женскиот маратон по тактичка битка на СП во Лондон

објавено: 6 август 2017 - 18:13

Киплагат, двократната шампионка на Кенија тргна прерано во финишот на 2 километри пред крајот, по што Челимо се врати во последните стотина метри и стигна до импресивна победа на Тауер Бриџ.

28-годишната Челимо доби државјанство на Бахреин пред две години, додека ИААФ и дозволи минатата година да настапува за својата нова земја. Таа имаше време од 2:27:11, седум секунди пред 37-годишната Киплагат, додека Американката Ејми Крег освои бронза (2:27:18).

Најново во Други спортови