БРИТАНЕЦОТ ЈА ИЗРАДУВА ДОМАШНАТА ПУБЛИКА

Фара со првото злато во Лондон!

Легендата за трките на далечина, Мо Фара, го освои првото злато на 16. Светско првенство во атлетика, откако со својот супериорен финиш триумфираше во трката на 10.000 метри

објавено: 4 август 2017 - 22:59

Олимпискиот шампион имаше уште една ноќ за незаборав на Олимпискиот стадион, откако неколку пати ја „загреваше“ публиката. Тој прво се обиде да дојде напред по 7 километри, но веднаш се врати на шестото место. На два круга пред финишот, тој повторно нападна, но се повлече, пред во финишот на 600 метри пред крајот да го направи конечниот удар за победа со време од 26:49:53.

За Фара ова е шесто светско злато, кое веднаш го прослави со своите четири деца пред гласната публика во Лондон. Далеку зад него, Џошуа Чептегеи донесе сребро за Уганда, додека третото место го освои Кениецот Пол Тануи.

 

Јужноафриканката Кастер Семенја се квалификуваше во финалето на 1.500 метри во обидот да стигне до двојна победа покрај нејзиниот специјалитет 800 метри. Актуелната шампионка Гензебе Дибаба имаше најдобро време од 4:02.67, за 0.17 секунди пред Семенја.

Во квалификациите во скок во височина, актуелниот олимписки шампион, Американецот Џеф Хендерсон не успеа да се квалификува за финалето со 17. најдобро време од 7.84 метри. Освојувачот на сребро од Рио 2016, Јужноафриканецот Луво Мањонга лесно влезе во финалето со 8.12 метри.

 

ФИНАЛИЊА, 1.ДЕН ОД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

10.000 МЕТРИ (М)
1.Мохамед Фара (Бри) 26:49.51
2.Џошуа Кипруи Чептегеи (Уга) 26:49.94
3.Пол Кипнгетич Тануи (Кен) 26:50.60
4.Бедан Кароки Мучири (Кен) 26:52.12
5.Џемал Јимер (Ети) 26:56.11

Најново во Други спортови