ДРАМА ВО ФИНАЛЕТО НА 400 МЕТРИ

Френсис не и дозволи совршено збогување на Феликс

САД стигна до ново злато на СП во Лондон, откако Филис Френсис стигна до трофејот на 400 метри во трка во која фаворитка беше Елисон Феликс

објавено: 9 август 2017 - 23:03

Американката Филис Френсис стигна до победа во драматичната трка на 400 метри, искористувајќи го несфатливиот пад во формата на олимписката шампионка Шони Милер од Бахамите.

На крајот, среброто отиде кај изненадувањето Салва Еид Насер од Бахреин, додека Феликс го освои бронзениот медал. Милер остана на четвртото место иако имаше неколку метри предност во финишот.

Норвежанецот Карстен Вархолм направи сензација на 400 метри со пречки откако во својата втора целосна сезона стигна до светската титула со време од 48.35 пред Јасмани Копело од Турција и олимпискиот шампион Керон Клемент, кој немаше сили за трет трофеј на едно СП.

Кинеската Гонг Лиџиао стигна до својот прв голем трофеј, откако освои пет сребра и бронзи на претходните Светски првенства и Олимпијади. Гонг беше убедлива во фрлањето ѓуле со далечина од 19.94 за злато.

Унгарката Анита Мартин во последниот обид фрли 19.49 метри за да го освои сребрениот медал пред Американката Мишел Картер (19.14).

400 МЕТРИ (Ж)

1.Филис Френсис (САД) 49.92

2.Салва Еид Насер (Бах) 50.06

3.Елисон Феликс (САД) 50.08

4.Шони Милер-Уибо (Бах) 50.49

5.Шерика Џексон (САД) 50.76

400 МЕТРИ СО ПРЕЧКИ (М)

1.Карстен Вархолм (Нор) 48.35

2.Јасмани Копело (Тур) 48.49

3.Керон Клемент (САД) 48.52

4.Кемар Моват (Јам) 48.99

5.Т.Џ.Холмс (САД) 49.00

ФРЛАЊЕ ЃУЛЕ (Ж)

1.Лиџиао Гонг (Кин) 19.94 м

2.Анита Мартон (Унг) 19.49 м

3.Мишел Картер (САД) 19.14 м

4.Даниел Томас-Дод (Јам) 18.91 м

5.Јанг Гао (Кин) 18.25 м

Најново во Други спортови