ЈАМАЈЧАНЕЦОТ ЈА ЗАГУБИ ПОСЛЕДНАТА ИНДИВИДУАЛНА ТРКА

Гетлин му го расипа збогувањето на Болт (ВИДЕО)

Џастин Гетлин ги „издржа" свирежите од публиката за да стане светски шампион на 100 метри и да му ја расипе последната индивидуална трка на легендарниот Јусеин Болт, кој заврши само со бронза зад Американците Гетлин и Крис Колмен

објавено: 5 август 2017 - 22:53

Болт повторно имаше слаб старт, по што пеколниот финиш не успеа да ги победи Американците. Победничкото време на Гетлин беше 9.92, по што тој падна на колена пред Болт, покажувајќи му голема почит на Јамајчанецот.

Со ова Гетлин го комплетира целосниот кам-бек во атлетиката, откако првпат беше светски шампион во 2005 година, по што имаше долга пауза поради позитивен допинг-тест. 35-годишниот Американец досега само еднаш во 10 трки го имаше победено Болт.

 

100 МЕТРИ (М)

1.Џастин Гетлин (САД) 9.92

2.Крис Колмен (САД) 9.94

3.Јусеин Болт (Јам) 9.95

 

Најново во Други спортови