Македонката последна во квалификациите на 400метри со пречки

Ислами со убедливо најлошо време

Македонската атлетичарка патеката ја мина за 1:02.23 минути. Резултат кој е за скоро три секунди послаб од нејзиното најдобро време на оваа патека.

објавено: 7 август 2018 - 11:15

Нашата најдобра атлетичарка во овој момент, Дрита Ислами, имаше лош настап на Европското првенство во Берлин.

Ислами имаше убедливо најлошо време и како последна ги заврши квалификациите во трката на 400 метри со пречки.
Македонската атлетичарка патеката ја мина за 1:02.23 минути. Резултат кој е за скоро три секунди послаб од нејзиното најдобро време на оваа патека.
Нашиот втор претставник на ЕП во Берлин, Дарио Ивановски, ќе се појави утре на патеката, И тоа во квалификациската трка на 1.500 метри.

Најново во Други спортови