ПОЛУМАРАТОНОТ Е МАКЕДОНСКА АТЛЕТСКА ДИСЦИПЛИНА

Ивановски го освои и Скопје

Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, членот на АК Работнички е победник на полумаратонската трка на Скопскиот маратон - 2018".

објавено: 6 мај 2018 - 11:58

 Членот  на АК Работнички, најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, е победник на полумаратонската трка на „Виз ер Скопскиот маратон 2018".

Ивановски на убедлив начин стигна до триумфот,. Патеката долга 21 километар, ја истрча еден ас, 9 минути и 10 секунди. На второто место заврши уште еден наш претставник, Атанас Анчевски од АК Делта, додека пак на треотот место се пласираше Милош Ранчиќ.

НИнаку, на женската полумаратонска трка триумфираше македонската атлетичарка Милјана Ристиќ, пред Амела Трозиќ од БиХ, а како трета заврши Сливија Шимуновиќ од Хрватска.

Најново во Други спортови