МАКЕДОНСКИОТ АТЛЕТИЧАР ЗАБЕЛЕЖА НАЈДОБАР РЕЗУЛТАТ

Ивановски го освои второто место на „Белиот крос“

Најталентираниот македонски атлетичар Дарио Ивановски запиша нов извонреден резултат завршувајќи на второто место на 51. Интернационален крос кантри натпревар „Белиот крос" во Белград.

објавено: 12 февруари 2018 - 22:00

Најталентираниот атлетичар Дарио Ивановски запиша нов извонреден резултат завршувајќи на второто место на 51. Интернационален крос кантри натпревар „Белиот крос" во Белград. Овој резултат е најдобар во историјата на македонската атлетика, минатата година Ивановски заврши на четврото место. 

Главната сениорска трка на 6.000 метри ја истрча со време од 18:44,1 минути, додека победникот Словенецот Јан Кокаљ имаше време од 18:39,6 минути.

„Одлично темпо и проверка на формата пред Балканското првенство. Останува уште малку до трката кадешто ќе трчам со целото срце“, пиша Ивановски.

 

Најново во Други спортови