АМЕРИКАНЦИТЕ СО ДВЕ ЗЛАТА ВО ЛОНДОН

Картер пред олимписката шампионка

Нова дисциплина, ново злато за САД на СП во Лондон. Кори Картер ја совлада олимписката шампионка Далајла Мухамад во трката на 400 метри со пречки

објавено: 10 август 2017 - 22:55

Картер освои злато со 53.07 пред Мухамад со 53.50 и Јамајчанката Ристанана Трејси, која ја остави актуелната шампионка, Чехинката Зузана Хејнова со бронза со личен рекорд од 53.74.

Во машкиот трискок исто така имаше двојна американска победа. Кристијан Тејлор ја одбрани светската титула со скок од 17.68 метри, победувајќи го Вил Клеј (17.63). Далеку на третото место беше Португалецот Нелсон Евора (17.19)

ТРИСКОК (М)

1.Кристијан Тејлор (САД) 17.68 м

2.Вил Клеј (САД) 17.63 м

3.Нелсон Евора (Пор) 17.19 м

4.Кристијан Наполес (Куб) 17.16 м

5.Алексис Копело (Азе) 17.16 м

400 МЕТРИ СО ПРЕЧКИ (Ж)

1.Кори Картер (САД) 53.07

2.Далајла Мухамад (САД) 53.50

3.Ристанана Трејси (Јам) 53.74

4.Зузана Хејнова (Чеш) 54.20

5.Леа Шпрунгер (Шва) 54.59

Најново во Други спортови