АМЕРИКА ИМА ШАМПИОН ВО СКОК СО СТАП

Кендрикс ги натскока фаворитите

Американскиот војник, Сем Кендрикс направи сензација во натпреварувањето во скок со стап во Лондон, освојувајќи го златото со височина од 5.95 метри

објавено: 8 август 2017 - 23:19

Кендрикс имаше први пет „чисти“ скокови за да има совршена серија, пред да скокне 5.95 метри и да стигне до својот прв голем трофеј, една година откако освои бронза на Олимпијадата во Рио. Кендрикс инаку е поручник во американската резервна армија.

Полјакот Пјотр Лисек стигна до среброто со скок од 5.89, победувајќи го светскиот рекордер Рену Лавилени, кој имаше иста височина, но послаба серија. Актуелниот шампион, Канаѓанецот Шон Барбер беше само осми.

СКОК СО СТАП (М)

1.Сем Кендрикс (САД) 5.95 м

2.Пјотр Лисек (Пол) 5.89 м

3.Рену Лавилени (Фра) 5.89 м

4.Чангруи Ксуе (Кин) 5.82 м

5.Павел Војчиеховски (Пол) 5.75 м

Најново во Други спортови