РУСИНКАТА НЕДОСТИЖНА ВО СКОКОТ ВО ВИСОЧИНА

Ласицкене е „независна“ светска шампионка

Марија Ласицкене ја одбрани светската титула во скок во височина со 2.03 метри, но не можеше ниту да прослави со руското знаме бидејќи на СП во Лондон настапува како независна спортистка

објавено: 12 август 2017 - 22:01

Ласицкене е една од 19-те руски атлетичари кои добија дозвола да настапат на првенството, иако Руската атлетска федерација останува суспендирана исто како на минатогодишната Олимпијада во Рио поради обвинувањата за систематски допинг.

Ласицкене, која беше попозната по своето моминско презиме Кучина, имаше речиси совршена низа скокови, и застана на 2.03, а откако го обезбеди златото имаше три неуспешни обиди на 2.08 метри.

Украинката Јулија Левченко стана сребрена со личен рекорд од 2.01 метри, додека бронзата отиде кај Полјачката Камиа Лицвинко (1.99 метри).

СКОК ВО ВИСОЧИНА (Ж)

1.Марија Ласицкене (Нез) 2.03 м

2.Јулија Левченко (Укр) 2.01 м

3.Камила Лицвинко (Пол) 1.99 м

4.Мари-Лоренс Јунгфлајш (Гер) 1.95 м

5.Катарина Џонсон-Томпсон (Бри) 1.95 м

Најново во Други спортови