ЈАМАЈЧАНЕЦОТ ДЕНЕСКА СО ПОСЛЕДНАТА ГОЛЕМА ТРКА

Лондон подготвен за збогувањето на Јусеин Болт

Атлетиката вечерва ќе одбележи крај на една ера, кога Јусеин Болт ќе излезе за последната конкурентна трка како дел од 4х100 метри штафетата на Јамајка на СП во Лондон

објавено: 12 август 2017 - 10:55

Тој ќе се надева дека ќе си замине од тартанот со 20-та голема титула, нешто што не успеа да го направи минатата сабота, кога беше само трет во трката на 100 метри зад Американците Џастин Гетлин и Крис Колмен.

Фановите на „Лондон стадионот“ најверојатно ќе имаат уште две шанси да го видат 30-годишниот рекордер на 100 и 200 метри, бидејќи Болт планира да учествува и во квалификациските штафетни трки.

Последна трка вечерва ќе има и миленикот на домашната пубика Мо Фара, и тоа на во трката на 5.000 метри. Британецот ќе се обиде да стигне до историска тројна-двојна победа на СП, откако ја одбрани титулата на 10.000 метри, што останува единствено злато за домаќините.

Претпоследниот ден од шампионатот исто така ќе донесе камбек на поранешната шампионка на 100 метри со пречки, Австралијката Сели Пирсон, додека десетобојците ќе ги имаат последните пет дисциплини со трка на 1.500 метри. Златни медали ќе се доделат и во скокот во височина кај дамите и во фрлање копје кај мажите.

Најново во Други спортови