ПРВО ЗЛАТО ЗА ЈАМАЈКА ВО ЛОНДОН

Меклеод најдобар на пречки

Јамајка беше загрижена по поразите на фаворизираните Јусеин Болт и Илејн Томпсон во трките на 100 метри во Лондон, но на четвртиот ден од СП во Лондон стигна до првото злато благодарение на Омар Меклеод

објавено: 7 август 2017 - 22:47

Меклеод доминираше во трката на 110 метри со пречки со време од 13.04 за да стане првиот човек по Ален Џонсон во 1997 година кој како олимписки шампион стигнал до светска титула.

Зад него, сребрен медал освои Сергеј Шубенков како независен спортист, бидејќи руската федерација е официјално суспендирана од Светското првенство. Бронзата отиде кај Унгарецот Балаж Баји.

Ова не е крај за Меклеод на првенството бидејќи речиси е сигурно дека ќе биде дел од 4х100 метри штафетата заедно со Јусеин Болт. Меклеод има време од под 10 секунди на 100 метри!

110 МЕТРИ СО ПРЕЧКИ (М)

1.Омар Меклеод (Јам) 13.04

2.Сергеј Шубенков (Нез) 13.14

3.Балаж Баји (Унг) 13.28

4.Гарфилд Дариен (Фра) 13.30

5.Ариес Мерит (САД) 13.31 

Најново во Други спортови