РУСКИТЕ АТЛЕТИЧАРИ ЌЕ БИДАТ „НЕЗАВИСНИ“

Менков и 15 други Руси добија „зелено светло“

Поранешниот шампион во скок во далечина, Александер Менков е меѓу 16-те руски атлетичари кои добија дозвола да се натпреваруваат како „неутрални спортисти"

објавено: 9 јули 2017 - 22:50

Со ова соопштение, 41 од руските атлетичари добија „зелено светло“ за интернационални натпреварувања, со што Русите би можеле да имаат голем, но неофицијален тим за Светското првенство следниот месец.

Покрај Менков, светскиот шампион од 2013 година, уште неколку јуниорски атлетичари добија дозвола да бидат неутрални по истрагата на ИААФ за историјата на нивните допинг-тестови. Иако не е јасно колку од овие 41 спортисти ќе ги исполнат нормите, сигурно е дека актуелните шампиони Сергеј Шубенков (110 со пречки) и Марија Ласицкене (скок во височина) ќе ги бранат титулите.

Најново во Други спортови