ОБВИНУВАЊАТА ЗА ДОПИНГ НЕ СЕ ФЕР ЗА БРИТАНЕЦОТ

Мо Фара во „војна“ со британските медиуми

Мо Фара ја имаше својата последна голема трка со сребро на 5.000 метри во саботата, но во неделата влезе во остар напад на британските медиуми кои ја потценуваат неговата кариера

објавено: 13 август 2017 - 19:30

Фара смета дека дел од медиумите сакаат да ги „уништат“ неговите остварувања на патеката повторувајќи ги обвинувањата за неговиот тренер Алберто Салазар. Британецот инсистира дека нема допинг во неговата кариера и дека 10-те светски и олимписки титули се освоени само преку напорна работа.

Салазар беше од истрага на Американската анти-допинг агенција (УСАДА) последните две недели, но засега нема официјално обвинување.

„Историјата не лаже. Тоа што го имам остварено во годините, мислам дека луѓето се горди. Вие можете да пишувате како што сакате. Останува факт дека моите остварувања се направени преку работа и посветеност. Ова е како расипана плоча, само се повторувам. Ако ја згрешив, ако Алберто згреши, зошто тоа не го докажете? Се обидувате да уништите се што создадов“, изјави лутиот Фара.

Најново во Други спортови