МАКЕДОНЕЦ ГО ИСТРЧА БОСТОНСКИОТ МАРАТОН

Наумов е првиот што успеа да ги комлетира шесте најпознати светски маратони

Атанас Наумов ја мина целната линија на маратонот во Бостон, САД, и стана првиот Македонец кој финиширал на сите шест најголеми маратони на светот.

објавено: 17 април 2018 - 12:30

Атанас Наумов ја мина целната линија на маратонот во Бостон, САД, и стана првиот Македонец кој финиширал на сите шест најголеми маратони на светот.

Подвигот на Наумов е голем, затоа што временските услови во Бостон биле многуи лоши (врнело дожд и дувал силен ветер во гради). На Наумов му требаа нешто повеќе од три часа за да го истрча славниот маратон.

Сега тој ќе се фокусира на подготовки за скопскиот маратон, пред домашната публика, каде ќе биде еден од македонските адути.

 

Најново во Други спортови