ИМПРЕСИВНА ТРКА ЗА АВСТРАЛИЈКАТА

Пирсон го комплетираше кам-бекот со злато

Австралијката Сели Пирсон по тешката повреда на зглобот на раката и паузата од две години, се врати на најдобар можен начин со титула на 100 метри со пречки во Лондон

објавено: 12 август 2017 - 21:40

30-годишната Пирсон ја врати титулата која ја освои во 2011 година и тоа на стадионот на кој во 2012 стигна до олимпиското злато.

„Работев проклето многу за ова. Бев многу уморна, и ова е неверојатно. Уште поубаво, до мене е Даун Харпер Нелсон!“, вели Пирсон.

Фаворитката, светската рекордерка Кендра Херисон ја „погоди“ третата пречка, а Пирсон, веднаш до неа го искористи тоа за да стигне до одлична победа со 12.59. Среброто отиде кај уште една ветеранка, 33-годишната олимписка шампионка од Пекинг 2008, Даун Харпер-Нелсон, додека бронзата ја освои Германката Памела Дуткиевиц со само 0.02 секунди предност пред Херисон.

100 МЕТРИ СО ПРЕЧКИ (Ж)

1.Сели Пирсон (Авс) 12.59

2.Даун Харпер Нелсон (САД) 12.63

3.Памела Дуткиевиц (Гер) 12.72

4.Кендра Херисон (САД) 12.74

5.Кристина Менинг (САД) 12.74

Најново во Други спортови