ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР СЕ „ЈАВИ“ ВО ИМЕ НА ФЕДЕРАЦИЈАТА

Претседателе, важни се атлетичарите, условите, РЕЗУЛТАТИТЕ пред се !!!

Со оглед дека АФМ, од какви и да е причини, ја нема известено јавноста до денес, ние како иницијативен одбор согласно принципите на транспарентност во работењето сакаме да дадеме известување од оддржаното собрание на АФМ .

објавено: 20 декември 2017 - 17:55

Претседателот на Атлетската феерација на Македонија, молчи за одржаното Собрание, но не и Иницијативниот Одбор, кој побара промени во „кралицата на спортовите“. 

„Лошите услови кои со години тивко ја убиваат Атлетиката во Македонија, а во временската рамка „ со години" се истите луѓе со исклучоци се разбира, за момент станаа секундарен фактор на сметка на самоволието на г-динот Претседател и неговата дружина. Неважни се зборовите на челникот на АФМ кој на хартија пишува за неговите успеси, а Атлетиката е доведена до статус на „Ендемски вид" во Македонија. Најстрашното е тоа што за да се одбрани себеси ги деградира своите Атлетичари кои треба да му бидат приоритет. Оние истите кои тренираат на минусни температури, оние кои се пресоблекуваат на отворено и оние кои веке еден месец и повеќе немаат пристап до тартан на Градскиот Стадион (неговите Репрезентативци). Претседателот очигледно се збунил со својата улога како челник на АФМ.

Претседателе, важни се атлетичарите, условите, РЕЗУЛТАТИТЕ пред се!

Затоа Иницијативниот одбор за промени во Атетската Федерација на Македонија на 17.11.2017 достави легално барање до АФМ за свикување на Вонредно Собрание. Истото беше поддржано од 13 клубови со што беше задоволен членот 36 став 3 кој вели дека е потребна 1/3 од вкупниот број на клубови.

Од овој момент се случува хронологија на активности и прекршувања на Статутот, деловодникот за работа на собранието и етичкиот кодекс за кои Претседателот многу гласно зборува. Извршниот одбор одржува седница на 28.11.2017 на која одлучува свикување на Вонредно Собрание на 16.12.2017г., за што не го известува подносителот на барањето, иако е обврзан да го стори истото согласно Статутот.

На 06.12.2017 Претседателот повторно свикува нова седница на ИО на која без повлекување на претходно донесената одлука носи нова одлука каде го оспорува потписот на еден потпишан член по пат на изнудена нотарска изјава од истиот (АК Тиквеш). Без увид во тој документ тој носи одлука и закажува Тематско Собрание на истиот датум. Кога е законот на ваша страна, незнам зошто претседателот имал потреба да оди до претседателот на АК Тиквеш и да ја изнудува изјавата на овој клуб. На 07. 12 АФМ доставува дневен ред за Тематското собрание, одлука за свикување на Собрание, утврдени клубови со право на глас, табеларен приказ за учество на натпревари во 2016 и полномоштво. Дневниот ред нема точка за усвојување на дневен ред и усвојување на записник од претходното собрание согласно деловникот за работа, одлуката на ИО кој клуб има право на глас е невалидна (приложена е истата одлука од претходното собрание со датум од 03. 07. 2017, а не донесена пред закажувањето на Собранието) и одлуката по однос на членови кои се со право на глас не е согласна Стаутот на АФМ и се оштетени 3 клуба кои согласно Статутот требаше да имаат право на глас.

Воедно АК Фусион (се води како клуб со право на глас) и АК Македонија се избришани од надлежниот регистар со што согласно Статутот треба да бидат избришани од регистарот на клубови на АФМ. АК 18 август и АК Струга немаат решение за дејност спорт, а се влезени во вкупниот број на клубови со што се крши Стаутот на АФМ член 14 став 5. Претседателот согласно деловникот мораше дневниот ред да го стави на усвојување, но тоа не го стори со образложение дека тој кажува што ќе има и за што ќе се дискутира на Собранието. На самата седница на Собранието на делегатите им беше оспорено и правото да предлагаат точки на дневен ред.

Пред почетокот на седница на Собранието верификационата комисија го утврди бројот на присутни клубови со право на глас според одлуката на ИО донесена на 03.07.2017 дел.број 160/4. Бројот на присутни клубови со право на глас беше 17, односно 16 (бидејки едно полномошно беше со невалиден потпис од овластено лице според тековната состојба на клубот заведена во ЦР).

Претседателот Крсто Серафимовски го оспори истиот список кој го донел ИО и кој го достави во материјалите за Собранието барајќи повторно да заседава верификационата комисија и бројот на клубови кои имаат право на глас да се утврди според статусот Активен или Неактивен во уписот на Централниот регистер што е прекршување на Статутот на АФМ според член 34 од истиот и член 7 од Деловникот за работа на Собранието на АФМ. Членот 34 вели: „Право на глас на собранието имаат само оние делегати чии клубови имаат добиено решение за вршење дејност спорт од надлежниот орган и имаат учествувано барем на две државни првенства во организација на АФМ, во последната натпреварувачка сезона" Откако бројките и фактичката состојба не одеа во прилог на Претседателот, самоволно ја прекина седницата и ја напушти без одлука на мнозинството на членови со што повторно го прекрши статутот. За нестатутарното и неделовничко водење на седницата на Собранието и текот на истата, одговорност има и Стручниот секретар во АФМ кој покажа недоволно познавање на актите и прописите, а според член 57 од Статутот на АФМ истиот е одговорен за правилната примена на усвоените правилници и други подзаконски акти од делокругот на работата на органите и телата на АФМ, и одговорен за правилната примена на прописите и општите акти.
Резултат на ваквото дејствување е експлоатацијата на функцијата Претседател и комплетната неажурност на АФМ како институција. Не се ни очекува ажурност кога времето се троши на сопственото „ЈАС". Ажурирање на податоци е мисловна именка за АФМ, а функцијата претседател е синоним за „Светски Патник" и тоа рекордер во спортските кругови.
Според нас доколку сите клубови се со решение за дејност спорт што е во надлежност на Агенцијата за млади и спорт и имаат настапувано на минимум два натпревари во годината во организација на АФМ клубовите имаат полно право да учествуваат и одлучуваат на Собранието на АФМ , член 14 став 5 од Статутот на АФМ и член 34 став 3 од Статутот , а не статусот на Активен или Неактивен заведен во состојбата на клубот во Централниот Регистар на Р.Македонија. Статутот по овој основ е јасен и дециден, нема ни простор за забуна, освен ако така му одговара на претседателот.
И да бидеме појасни, навреда не е кога некој ќе те повика на транспарентност и доследност во работењето почитувајќи ги сите закони.
Овие прекршувања се од оддржување на само едно Собрание, замислете до каде ќе води листата на прекршоци ако се направи целосна ревизија на работењето на АФМ.
Оваа институција заслужува многу повеќе, а своето право(кое неправедно им е ускратено) го бараат мнозинството на клубови кои се активни креатори на Атлетиката во Македонија.

 

Најново во Други спортови