Атлетиката ќе биде главно обележје во нашиот главен град

РЕКОРДЕН БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ: Среќна 13-ка за Скопскиот маратон

Најавени се повеќе од 8.500 натпреварувачи, што е нов рекорд во историјатот на овој настан, кои ќе се појават на маратонската, полумаратонската и трката на пет километри

објавено: 5 мај 2017 - 20:40

Скопскиот маратон во недела со своето 13. издание ќе биде главното обележје на спортски план во Скопје, односно во нашата држава. Со учество на повеќе од 8.500 маратонци, полумаратонци и рекреативци на пет километри, ова ќе биде едно од најмасовното изданија во својата историја. Најавено е учество на осум натпреварувачи од Кенија Кипроч Кируи која минатата сезона имаше остварување од 2:12.36 часови, кое воедно е и нов рекорд на патеката. Тука ќе биде и неговата сонароднична Гледис Јапкуруи Бивот, која беше доминантка кај дамите.

„Со повеќе од 8.500 атлетичари кои што доаѓаат од 51 држава во светот, Скопскиот маратон повторно ги руши границите на конвенционалното и од година во година тој станува еден од најпосетуваните и најинтересните настани во Македонија. Како организатори на оваа манифестација секоја година со помош на бројните волонтери, поддршката од институциите и компаниите се предизвикуваме и квалитетот на Виз Ер Скопскиот маратон е се подобар и подобар. Ги покануваме сите да го проследат настанот и да се забавуваат за време на маратонот, полумаратонот, трката од 5 километри и штафетната трка. Како промоторки на Виз Ер Скопски маратон оваа година ни доаѓаат трите сестри близначки од Естонија, Леила, Лили и Лина Луик, кои пред неколку месеци настапија на Олимпијадата во Рио" изјави директорот на Скопскиот маратон, Кире Синадиновски.

 

Најново во Други спортови