АМЕРИКАНСКАТА ВЕТЕРАНКА НАЈДОБРА ВО СКОК ВО ДАЛЕЧИНА

Рис ја победи Клишина за два сантиметри

Американката Бритни Рис стигна до својата четврта светска титула во скок во далечина, откако скокна 7.02 метри, само два сантиметри повеќе од Дарја Клишина, Русинката која се натпреварува како независна спортистка на СП во Лондон

објавено: 11 август 2017 - 21:56

Ова е осма голема титула во кариерата за 30-годишната Рис, по три трофеи од СП во сала, олимпиското злато од Лондон во 2012 и четирите светски трофеи. Клишина, која беше единствената руска атлетичарка на Олимпијадата во Рио, не беше присутна на прославата, бидејќи настапува како независен спортист и нема дозвола да го користи руското знаме.

„Имав неколку тешки недели пред да дојдам во Лондон по смртта на мојот дедо. Тој беше причината зошто воопшто излегов и скокав. Уште сум во топ-форма и ќе продолжам така“, изјави Рис.

Бронзата ја освои уште една Американка, Тијана Бартолета со скок од 6.97 метри, само еден сантиметар подалеку од српската фаворитка Ивана Шпановиќ, која во последниот обид скокна далеку, но удри со грбот на песокот и имаше 6.96 метри.

СКОК ВО ДАЛЕЧИНА (Ж)

1.Бритни Рис (САД) 7.02 м

2.Дарја Клишина (Нез) 7.00 м

3.Тијана Бартолета (САД) 6.97 м

4.Ивана Шпановиќ (Срб) 6.96 м

5.Лорејн Југен (Бри) 6.72 м

Најново во Други спортови