ДВА САНТИМЕТРИ ГО ОДЛУЧИЈА ПОБЕДНИКОТ

Рохас за прво злато во историјата на Венцуела!

Венецуела немаше освоено медал на ниту едно Светско првенство до Лондон, а сега има две медали за 24 часа, од кое еден медал е со златна боја

објавено: 7 август 2017 - 22:57

Еден ден откако Робеилис Реинадо освои бронза во скокот со стап, Јулимар Рохас стигна до титулата во трискок со 14.91 метри, само два сантиметри повеќе од Колумбијката Катерине Ибаргуен, која доживува прв пораз од Олимписките Игри во 2012 година.

Бронзата отиде кај казахстанската ветеранка Олга Рипакова.

ТРИСКОК (Ж)

1.Јулимар Рохас (Вен) 14.91 м

2.Катерине Ибаргуен (Кол) 14.89 м

3.Олга Рипакова (Каз) 14.77 м

4.Хана Књазева-Миненко (Изр) 14.42 м

5.Кристин Гириш (Гер) 14.33 м

Најново во Други спортови