ПРВО ЗЛАТО ЗА ЧЕШКА ВО ЛОНДОН

Шпотакова се врати на тронот

Чешката ветеранка Барбора Шпотакова повторно е светска шампионка во фрлање копје, освојувајќи титула 10 години по првиот трофеј во Осака

објавено: 8 август 2017 - 21:47

36-годишната Шпотакова имаше обид од 66.76 метри, за повеќе од половина метар повеќе од Кинеската Лингвеи Ли (66.25) и нејзината сонародничка Хухуи Лиу (65.26).

Олимписката шампионка од Хрватска, Сара Колак не успеа да ја повтори сензацијата од Рио и заврши на четвртото место со обид од само 64.95 метри.

ФРЛАЊЕ КОПЈЕ (Ж)

1.Барбора Шпотакова (Чеш) 66.76 м

2.Лингвеи Ли (Кин) 66.25 м

3.Хуихуи Лиу (Кин) 65.26 м

4.Сара Колак (Хрв) 64.95 м

5.Еда Тугсуз (Тур) 64.52 м

Најново во Други спортови