ВОЗБУДЛИВ ПОЧЕТОК НА МУНДИЈАЛОТ ВО АТЛЕТИКА

Светот го доби најмладиот шампион во маратон, Еритреја го слави првото злато

Еритрејскиот маратонец Гирмај Гебреселасие стана најмладиот светски првак во оваа дисциплина откако триумфираше ноќеска, на отворањето на Мундијалот што почна во Пекинг.

објавено: 22 август 2015 - 10:24

Гебреселасие има 19 години, а на својата држава и го донесе првиот златен медал во историјата на Светските првенства. Неговото време за победа изнесуваше 2:12:27 часа.

„Пресреќен сум, но можам да опишам како се чувствувам. Моите родители сакаа да одам на факултет, но јас имав желба само да трчам. Оваа победа ќе биде големо изненадување за нив", изјави Гебреселасие по историската победа.

Клучната предност на трката, тој ја оствари во последните шест километри. Второто место го освои Јеман Цегај од Етиопија, а третото Соломон Мутаи од Уганда.

Најголем успех на Еритреја на досегашните Светски првенства беше второто место на Зерсенај Тадесе на 10.000 метри, освоено во Берлин пред шест години.

Најново во Други спортови