МЛАДАТА БЕЛГИЈКА ОСТАНА НА ВРВОТ

Тиам е „кралицата“ на седмобојот

Белгијката Нафисату Тиам ги обедини олимписката и светската титула во седмобојот, откако по два дена натпреварување имаше доволно сила да собере поени во трката на 800 метри за победа пред Германката Каролин Шефер

објавено: 6 август 2017 - 22:17

22-годишната Тиам, која во мај оваа година стана само третата седмобојка со над 7.000 поени на едно натпреварување, овојпат имаше далеку послаб скор од 6.784 поени, но тоа беше доволно за победа пред Шефер (6.696) и Холанѓанката Анук Фетер (6.636).

СЕДМОБОЈ (Ж)

1.Нафисату Тиам (Бел) 6.784

2.Каролин Шефер (Гер) 6.696

3.Анук Фетер (Хол) 6.636

4.Јоргелис Родригез (Куб) 6.594

5.Катарина Џонсон-Томпсон (Бри) 6.558

Најново во Други спортови