ЈУЖНОАФРИКАНЕЦОТ ЈА ОДБРАНИ КРУНАТА

Ван Никерк полека станува легенда

Јужноафриканскиот светски рекордер на 400 метри, Вејд ван Никерк повторно покажа дека е можеби најпотценетиот голем атлетичар на денешницата

објавено: 8 август 2017 - 23:09

Ван Никерк, кој на Светското првенство во Лондон ќе се обиде да стигне до победа на 200 и 400 метри, веќе оствари половина од „ветеното“, бранејќи ја својата светска титула на трката на еден круг.

Насмеаниот Јужноафриканец сега е само третиот човек во историјата по Американците Мајкл Џонсон и Џереми Воринер со две титули во низа на 400 метри, откако со половина сила стигна до победа со 43.98 пред Стивен Гардинер од Бахамите (44.41) и Абедалелах Харун од Катар (44.48).

400 МЕТРИ (М)

1.Вејд ван Никерк (ЈАР) 43.98

2.Стивен Гардинер (Бах) 44.41

3.Абдалелах Харун (Кат) 44.48

4.Баболоки Тебе (Боц) 44.66

5.Нејтон Ален (Јам) 44.88 

Најново во Други спортови