ДРАМА И НА ФРЛАЧКОТО ПОЛЕ ВО ЛОНДОН

Волш го изненади лутиот Ковач

Натпреварувањето во фрлање ѓуле на СП во Лондон имаше контроверзен финиш, откако Новозеланѓанецот Томас Волш стигна до златото пред американскиот фаворит Џо Ковач

објавено: 6 август 2017 - 22:49

Во последната серија, Хрватот Стипе Жуниќ не го подобри своето фрлање од 21.46 метри, но беше пресреќен со бронзениот медал.

Ковач, кој беше фаворит пред стартот на натпреварувањето, имаше фантастичен обид од барем 22 метри, меѓутоа судијата го прогласи за престап откако тој згазна со стапалото над кругот. Речиси сигурно Американците ќе се жалат на одлуката.

Волш, со обезбедно злато ја надмина границата од 22 метри со 22.03 за да освои втора светска титула, по таа во сала од минатата година.

ФРЛАЊЕ ЃУЛЕ (М)

1.Томас Волш (НЗе) 22.03 м

2.Џо Ковач (САД) 21.66 м

3.Стипе Жуниќ (Хрв) 21.46 м

4.Томаш Станек (Чеш) 21.41 м

5.Михал Харатик (Чеш)  21.41 м

Најново во Други спортови