каде се изгуби хуманоста во спортот?

Беше прв на маратонот, снема сила, падна и никој не му помогна (Видео)

Шкотскиот маратонец Калум Хоукинс колабираше на точно два километри до целта

објавено: 15 април 2018 - 14:56

Маратонот кој викендов се оддржуваше во Австралија ќе остане запамтен по нехуманиот однос кон Калум Хоукинс. Шкотскиот маратонец беше лидер на трката, но точно на поминување на 40 километар почна да се тетерави. 

Едноставно силата му откажа послушност на Хоукинс, кој падна, стана продолжи уште неколку метри, но потоа повторно падна и тоа беше крај за него на трката. при падот дури удри со главата во оградата покрај патот. Ова не е прв пат некој маратонец да колабира, ако се знае дека тоа е најтешката атлетска дисциплина. 

Сепак зачудувачки беше тоа што повеќе од две минути никој не му помогна на Хоукинс. Маратонците кои беа зад него успеаа да го стигнат и да го поминат, а ниту еден не застана за помош, па дури и лекарите задоцнија со интервенцијата. 

Најново во Други спортови