ОВА НЕ Е НОРМАЛНО

Билет за Мејведер - Мекгрегор и по 130.000 евра

Според проценките на британските стручњаци, една влезница за најголемиот боречки настан во историјата, може да достигне цена и до 130.000 евра

објавено: 1 август 2017 - 17:30

Уште помалку од еден месец останува до историската борба во боречкиот спорт. Флојд Мејведер и Конор Мекгрегор ќе влезат во рингот на 26 август во арената во Лас Вегас. 

За спектаклот има уште помалку од 800 билети во продажба, по цена од 1780 евра до 6880 евра. Се очекува и овие билети брзо да ги снема, а тогаш ќе почне наддавањето на „црниот пазар“. Според британските стручњаци, еден билет може да достигне и до цена од 130.000 евра. 

Американецот и Ирецот ќе поделат 300 милиони долари. Мејведер специјално се врати од пензија за да го има јубилејниот 50 меч во кариерата. Американскиот борец досега има перфетни 49 победи во исто толку борби. 

Најново во Други спортови