светскиот боксерски првак не го дава тронот

Џошуа пред 80.000 луѓе го „преслуша“ Паркер и сега има четири појаси

По 12 рунди, светскиот првак Ентони со едногласна одлука на судиите покажа дека е најдобар

објавено: 1 април 2018 - 08:00

Нема промени во светскиот бокс во тешка категорија. Ентони Џошуа дури по 12 борби и по одлука на судиите, го совлада Јосеп Паркер, на спектаклот кој беше пред 80.000 гледачи на стадионот во Кардиф, Велс. По оваа борба, Џошуа не само што ги задрша појасите во ИБФ, ИБО и ВБА шампионатите, туку ја придоби и ВБО трофејот на Паркер. 

Џошуа и по овој ме е непоразен и сега има 21 победа во исто толку меча, од кои дури 20 биле со нокаут. Неговиот ривал во овој меч влезе со биланс 24 победи во 25 меча, од кои 18 со нокаут. 

„Мојата стратегија беше да се фокусирам на дирекот, што ми донесе уште една титула. Бев мотивиран, бев фокусиран, тоа е мојата тактика. Знам дека сите очекуваа нокаут, но Паркер е светски првак. Ова ми беше 21 меч во кариерата, а дури шести пат го бранам тронот“, рече победникот Џошуа, по мечот.

Иако загуби, Паркер не треба да биде разочаран. Издржа 12 рунди и не падна. За мечот, Паркер ќе добие 15 милиони евра, што е сосема пристојна сума.

Најново во Други спортови