ПРЕД ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ПРЕЧЕКАН НА АНЖИ АРЕНАТА

Го молев Господ само едно: Да ме остави во кафезот со оној кловн! (ФОТО+ВИДЕО)

Новата мегаѕвезда на светската боречка сцена, Хабиб Нурмагомедов беше пречекан во родниот Дагестан како што и му доликува на еден шампион. Илјадници негови сонародници се собраа да го поздрават херојот на нивната земја кој во изминатиот период со технички нокаут во Лас Вегас го совлада Ирецот Конор Мекгрегор за 27. победа по ред во кариерата и ниту еден пораз досега.

објавено: 9 октомври 2018 - 11:00

Народот едвај чекаше да го види својот идол, човекот кој спектакуларно ја одбрани УФЦ титулата во лесна категорија против Мекгрегор, а на стадионот се виореа знамињата на Дагестан и Руската федерација.

„Прво што посакував е да покажам разлика помеѓу нашиот и нивниот народ. Ние ја знаеме нашата историја, нашите пречки и низ се што поминавме. Од никого не можеме да бидеме скршени", беа зборовите на Хабиб на подиумот кој беше поставен на средината од игралиштето, а потоа уште еднаш истакна дека не му беше жал поради општата тепачка која ја иницираше после завршувањето на мечот.

Сега му следува период на одмор, но и турбуленцијата поради која треба да дознае дали ќе биде суспендиран, дали ќе му биде одземена титула. Исто така му се предвидува дека ќе остане без два милиони долари хонорар, можна е како што рековме повеќемесечна суспензија со висока глоба, забрана за влегување во САД, итн.

„Го молев Господ само за едно нешто, да ме остави насамо во кафезот со оној кловн. Му се молев на Господ секој дена за таа можност. Се молев да останеме неповредени, да го поминеме мерењето, добро да се подготвиме и да бидеме затворени во тој кафез. Многу од тоа е кажано во и надвор од октогонот и затоа реков дека не сум одговорен за секоја постапка кога ќе влеземе во кафезот", кажа Хабиб пред повеќе од 15.000 илјади луѓе во Анжи Арената.

Најново во Други спортови