БРИТАНЕЦОТ НАЈБРЗ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ

Хамилтон со нова пол-позиција во Франција

Бранителот на светската титула во Формула 1 дојде до најдобрата позиција пред Големата награда на патеката „Пол Рикар", негова рекордна 75-та во кариерата.

објавено: 23 јуни 2018 - 19:15

До Луис Хамилтон во првиот стартен ред ќе биде неговиот тимски колега од Мерцедес, Валтери Ботас кој задоцни само 0,118 секунди.

Од третата позиција ќе тргне моментно водечкиот во генералниот пласман, пилотот на Ферари Себастијан Фетел, пред четвртопласираниот Макс Ферстапен на Ред Бул.

Во третиот стартен ред ќе бидат Даниел Рикардо (Ред Бул) и Кими Раиконен (Ферари). Трката ќе се вози в недела со почеток од 16:10 часот.

Најново во Авто-мото