ТОА Е МАГИЈАТА НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ

ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: На стартот падна, но не се предаде и на крајот освои олимписко злато

Доминација на Норвежаните во трката на 30 километри во скијатлон

објавено: 11 февруари 2018 - 11:35

Симон Кругер е херојот на денот на Олимписките игри во Пјонгчанг, откако го освои златниот медал на 30 километри долгата трка во скијатлон. Кругер ја помина патеката со време од 1:16.20 часа, што беше за 8 секунди пред сонародникот Мартин Сунбди, додека третото место го освои уште еден норвежанец, Ханс Холунд (заостана 9,9 секунди). 

Успехот на Кругер е неверојатен, бидејќи тој падна на почетокот на трката, а по шест километри заостануваше 38 секунди зад првата позиција. И покрај ова заостанување, Норвежанецот не се предаде и со неверојатно темпо успеа да се приклучи на водечките, а во решавачките моменти да направи и солидна предност, за на крајот да се радува на златото. 

До пред оваа трка, Кругер во кариерата имаше само една победа, а до последен момент не се знаеше дали ќе влезе во составот на Норвешка за Игрите во Пјонгчанг. 

Најново во Други спортови