ЛОШ СТАРТ НА НАШИТЕ НАТПРЕВАРУВАЧИ

Јада последен на спринтот на ЗОИ во Пјонгчанг

На стартот се појавија вкупно 80 натпреварувачи, но еден се откажа, па Јада кој беше на 79 позиција е последен во квалификациите

објавено: 13 февруари 2018 - 11:18

Македонскиот олимписки нордиец, Ставре Јада заврши како последнопласиран во квалификациите во спринтот, клаасичен стил. Јада имаше време од 4:23,84 минути, што беше доволно за 79 место од вкупно 80 пријавени учесници.

Еден од натпреварувачите беше дисквалификуван, што значи дека Јада е последен во квалификациите, со заостанување од 18 секунди зад натпреварувачот кој заврши на 78 место. Првопласираните 30 во квалификациите обезбедија место во финалната трка. 

Јада треба да има подобар настап на трката на 15 километри слободно, која на програмата е в петок. 

Најново во Други спортови