Денеска на Медитеранските игри Томислав Јотовски во рамките од првото коло го совлада претставникот на Кипар Неос Елефтериос со резултат 2:0 по сетови 6:2 и 6:1.
За пласман во четвртфиналето Јотовски ќе се соочи против натпреварувачот од Мароко, Амине Ахуда кој пак на стартот го елиминираше Бурим Бутуќи од Косово со 2:0 (6:0, 6:2).
Во Тарагона заедно со нашиот тенисер е и тренерот Чедомир Јовановски.